Експертите потврдија дека пиењето вода со лимон наутро е одлично за варење и за зајакнување на енергијата, но носи и други придобивки за организмот.
И најмалите промени во дневната рутина можат да имаат големо влијание врз здравјето, а лекарите истакнуваат дека е добро да се пие вода со лимон на самиот почеток на денот.
Докажано е дека водата со лимон дефинитивно има свои придобивки. Тоа е добар начин да вклучите витамин Ц и антиоксиданси во вашата секојдневна исхрана.
Водата со лимон е нискокалорична и богата со витамини и хранливи материи. Чаша вода со лимон и 48 грама сок од лимон (исцеден од еден цел лимон) содржи: само 11 калории, како и 18,6 mg витамин Ц (што е 21 отсто од дневната вредност).
При подготовка на овој напиток се препорачува да се користи топла вода или вода на собна температура, бидејќи помага при екстракција на витаминот Ц. Исто така, секогаш користете свеж лимон. Земете половина лимон и исцедете го во околу 230 мл вода.
Ако пијалокот е премногу кисел, додадете други природни вкусови ако сакате да го избалансирате. Обидете се да додадете работи како нане, ѓумбир или куркума
Пиењето вода со лимон ги има и овие придобивки:
Тоа го помага варењето
Киселината помага во разградување на храната – затоа има толку многу од неа во нашиот стомак. Киселината во лимонот може да биде особено корисна за обновување на нивото на желудочна киселина, која има тенденција да се намалува како што старееме.
Тоа ви помага да останете хидрирани
Повеќето од нас не пијат доволно вода. Секојдневната навика за вода со лимон е лесен начин да го направите вашиот ден жив и полн со енергија.
Спречува формирање на камења во бубрезите
Стекнувањето навика да пиете вода со лимон исто така може да им помогне на вашите бубрези. Поточно, лимонската киселина во лимонот го блокира формирањето на камења во бубрезите и всушност може да ги разбие помалите камења пред да се формираат.
Промовира губење на тежината
Секако, можете да внесете витамин Ц од вашиот омилен сок од портокал наутро, но ако почнете да пиете вода со лимон наместо сок со шеќер – ќе внесете помалку калории.
Обезбедува антиоксидативен поттик
Цитрусните овошја како што се лимоните се особено познати по високите нивоа на витамин Ц. Овој витамин делува како антиоксиданс кој го штити телото од болести. На ист начин како што шолја топол чај со лимон ви помага кога сте болни, дневната чаша вода со лимон може да ви помогне да го заштитите вашето тело од болести, пренесува Healthline.