Расправијата помеѓу Горан Иванишевиќ и неговата поранешна сопруга Татјана Драговиќ не стивнува.
Тренерот на Новак Ѓоковиќ се појави на суд и се обидува да ги добие парите и станот што и припаднаа на неговата поранешна сопруга по разводот. Во меѓувреме, хрватските медиуми се повеќе се занимаваат со приватниот живот на Горан Иванишевиќ, а дел од тамошните медиуми ги објавија наводните пораки на хрватската тениска легенда и Татјана Драговиќ.
„Најдоброто нешто во овие 15 години е што те изневерував, но за жал направив грешка што повторно бев со тебе“, пишуваат хрватските медиуми, а се наведува и дека Горан Иванишевиќ и се заканувал на својата поранешна сопруга и нивното дете.
Како ќе заврши овој случај останува да видиме, но едно е сигурно – нема мир во животот на Горан Иванишевиќ.