Посна салата со шампињони е совршен избор за посна празнична трпеза, бидејќи е вкусна, лесна и освежителна.
Салата од печурки со маслиново масло и прелив од лук во која се додава оцет е одличен избор за посен оброк , како прилог или салата.
Состојки:
- 300 гр шампињони
- 6 супени лажици маслиново масло
- 3 чешниња лук
- 2 лажици соја сос
- 1,5 лажици јаболков оцет
- 2 ловорови листови
- 1/2 лажичка мелена пиперка
- 1/3 лажичка ким
- бибер и сол по вкус
Подготовка:
За да ги направите овие печурки, зовријте вода во тенџере, посолете по вкус, малку зрна црн пипер и ловоров лист. Додадете ги целите печурки и варете 10-15 минути.
За маринадата измешајте сечкан лук, ситно сечканиот магдонос, соја сос, мелена пиперка, ким, оцет, маслиново масло и ловоров лист. Сварените печурки ставете ги во цедалка и оставете да се исцеди вишокот течност. Ставете ги во маринадата и убаво измешајте.
Покријте со фолија и ставете во фрижидер 12 часа добро да се маринираат. Повремено протресувајте го садот за рамномерно да се распореди маринадата. После тоа, послужете и уживајте.