Најдобра храна за здравјето на забите: Една е поефикасна од четката за заби

Сите добро знаеме дека слатките ги расипуваат забите, дека некои пијалоци можат да предизвикаат нивно пожолтување и дека некои намирници ги оштетуваат пломбите и забната глеѓ. Но, како и секогаш, има и друга страна на паричката, а со тоа и храна која ги зајакнува забите и ги прави поздрави и поубави, а еве што е во прашање…

Вода

Експертите препорачуваат да пиеме многу вода за да ја внесеме потребната количина во организмот, а воедно и за поубава насмевка . Посебно ако пиеме црвено вино или јадеме нешто што ни ги валка забите, повремено треба да пиеме голтка вода помеѓу каснувања или голтки.

Карфиол
Карфиолот има цврста конзистентност која овозможува полирање на забната глеѓ, а богата е и со вода, со што се овозможува чистење на усната шуплина.

Брокула
Кога станува збор за нега на забите, добро е брокулата да се јаде сирова. Ќе служи како четка за заби.

Јагоди
Вистина е дека имаат светло црвена боја, но јаболковата киселина содржана во ова овошје е способна да ги отстрани непријатните наслаги на забите.

Јаболка
Високата содржина на вода во јаболкото е корисна бидејќи го поттикнува лачењето на плунка, која ги отстранува и неутрализира бактериските колонии во устата.

Ананас
Ананасот содржи бромелаин, кој има прочистувачки и антивоспалителни својства, поради што се користи за правење паста за заби за отстранување на дамки.