Кога зборуваме за пијалокот што треба да го пиеме секојдневно за оптимално варење и целокупно здравје на цревата, експертите се согласуваат дека постои еден јасен фаворит. Не, тоа не е кафе, па дури ни зелен чај, туку нешто што многумина од нас сакаат да го консумираат често.
Експертите за гастроентерологија и исхрана препорачуваат кефир, ферментирано млеко богато со пробиотици, како исклучително ефикасен утрински пијалок за здравјето на дигестивниот систем. Кефирот ја поддржува разновидноста и рамнотежата на цревната флора, ја намалува надуеноста и запекот и го подобрува имунитетот благодарение на пробиотските соеви.
Зошто кефир?
Ферментацијата на кефир произведува повеќе различни видови бактерии од јогуртот, што го прави особено моќен во поддршката на дигестивниот систем. Гастроентеролозите тврдат дека дневната консумација на ферментирани пијалоци, како што се кефирот, но и комбухата, може позитивно да влијае на цревната бариера, оптимално варење, олеснување на цревата и намалување на воспалителните знаци.
Колку кефир е препорачливо да се консумира дневно?
Експертите препорачуваат пиење од 200 до 300 милилитри кефир дневно, идеално со појадок. Ако не сте навикнати на тоа, започнете со помала доза од околу сто милилитри и постепено зголемувајте ја. Кефирот може да се пие сам, но и со житарки, во смути или како додаток во сендвич или слична опција за појадок.
Меѓутоа, ако сте нетолерантни на лактоза или избегнувате млечни производи, експертите препорачуваат:
- Комбуха: Ферментиран чај со пробиотици, но треба да се внимава да не содржи премногу шеќер.
- Чај од ѓумбир: Ги намалува мачнините и го стимулира варењето, смирувајќи ги цревата.
- Вода: Клучна за хидратација, помага во омекнувањето на столицата и го олеснува преминувањето на храната низ цревата.
Исто така, многу експерти истакнуваат дека не е препорачливо да се консумираат газирани и слатки пијалоци секој ден, ниту самостојно ниту со оброци, бидејќи гасовите го иритираат желудникот, а шеќерот може да предизвика воспаление и да ја наруши природната микрофлора. Прекумерното внесување алкохол е исто така штетно за цревата и целокупното здравје.