Ако сакате да ја вратите свежината на стариот леб , можете да го натопите и загреете во рерна или да го користите за да направите презла, пудинг од леб и слични јадења.
Но, постојат и неколку трикови како да го продолжите животниот век на лебот – со чување на темно, ладно и суво место каде што има доволно воздух за да „дише“, но не толку за да се исуши и стврдне.
Токму поради таквите услови (исклучената) микробранова печка е едно од најдобрите места за складирање – се разбира додека не ја користите. Нешто помалку невообичаено решение е фиоката за леб, чија единствена мана е што за многу луѓе зазема вредно место во кујната. Најлошото место за чување леб е пластичната кеса бидејќи го зголемува ризикот од мувла, а платнената кеса е многу подобар избор.
На долг рок, можете да го замрзнете вишокот леб, но завиткајте го во пластична фолија пред да го ставите во замрзнувач . За да го одмрзнете, оставете го на собна температура неколку часа или загрејте го во рерна на ниска температура.