НАЈДОБРИТЕ ПИРОШИ СО СИРЕЊЕ: Вкусни се, воздушести и меки, никој не може да им одолее! Идеални за ручек (РЕЦЕПТ)

Пирошката со сирење се идеални за ручек со шолја јогурт.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 1/2 чаша јогурт
  • 1/2 чаша млеко
  • 1 лажица масло
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 300 гр брашно
  • 1/2 коцка квасец

Полнење:

100 гр сирење

Подготовка:

Во млако млеко додадете шеќер, лажичка брашно и квасец и оставете неколку минути. Кога ќе почнат да се создаваат меурчиња, додадете јајце, масло и јогурт и измешајте. Додадете брашно и сол и замесете меко тесто. Оставете да нарасне 45 минути. Расукајте со сукало до дебелина од околу 1 см. Се сече на правоаголници и се става издробеното сирење по подолгиот раб. Свиткајте го секој правоаголник и малку притиснете ги рабовите на тестото за да не истече кашкавалот. Оставете ги да одморат околу 15 минути и пржете ги на врело масло додека не поруменат од двете страни.