Не постои жена која не очекува подарок за новогодишната ноќ. Давањето подарок на полноќ е посебен чин за многу парови, особено ако се заљубени.
За да избегнете непријатни изненадувања, еве мал водич за вашите партнери кога одат на шопинг . Забавувајте се и додадете уште малку на листата.
Овен – Сака масивен накит што привлекува внимание. Таа ќе биде воодушевена со подарок кој ќе ја направи да се истакне каде и да оди, на пример, скапа чанта или елегантна капа.
Бик – Сака накит, но и излегување во ресторан со пријатна музика. Сака и работи кои можат да траат долго како слики или украсни ситници.
Близнаци – Таа е личност од акција. Корисен подарок за неа е лаптоп или мобилен телефон.
Рак – Бисерот е вистинскиот потег за да и го освоите срцето, но ќе се радува и со цвеќиња и убави зборови.
Лав – Сака злато и луксуз . Кога на другите им се чини дека нешто е претерано, за неа тоа е вистинската мерка.
Девица – Сака ситници како пенкала и часовници. Со оглед на тоа дека сака да чита, нема да има грешка ако подарокот е книга.
Вага – Романтичната искушувачка ужива во елегантно издание. Парче облека или чипкаста долна облека нема да одбие.
Скорпија – Освојува со убавина и стил. Парфемот или шминката сигурно ќе и угодат.
Стрелец – Авантурист би патувал до крајот на светот со вистинската личност без втора мисла. Ненадејно патување барем за викенд е она што го очекува.
Јарец – Таа е силен карактер и сака кога некој околу неа се обидува да остави впечаток. Се чувствува моќно со скап накит, во кожа или свила.
Водолија – Ја сака играта. Секакви услови за разновидно уживање може да се најдат во нејзиното новогодишно пакетче.
Риби – Ќе ја израдувате со романтична вечера. Сепак, идеален подарок за неа е и еротска долна облека и разни парчиња облека од свила.