За Ања Радоњиќ, млада студентка и спортистка од Параќин, која почина во болница по 17 дена борба за живот по падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, во Спортската сала на Параќин беше отворена книга на жалост.
До книгата во која граѓаните можат да се потпишат, се поставени фотографијата на Ана и букет цвеќе.
Кошаркарскиот клуб Параќин, за кој своевремено настапуваше, со трогателна порака се прости од Ања.
„Најдоброто прво си одат.. но не , ти не си замина, ти само спиеш ангелу. Тука си, со нас си, секогаш и засекогаш. Немаме зборови да ги опишеме болката и тагата што ја имаме. Ангелу наш, да ја заштитиш нашата Ања, да ѝ дадеш мир и утеха на затоа што добрите и големите први си заминуваат. Почивај во мир! Секогаш ќе бидеш во нашите срца, ќе го паметиме твоето насмеано лице, Ања.
Сите граѓани кои сакаа да изразат сочувство до семејството на починатата Ања, тоа го стораја со запишување во книгата на жалост денеска, но и наредните денови, информираа од „СРЦ“ 7. јули“.
Во Параќин беше прогласена тридневна жалост која започна вчера.