Граѓаните на Исланд и светската јавност се сведоци на спектакуларните сцени од вулканската ерупција кои можат да се видат преку социјалните мрежи.
Пукнатина долга 40 километри исфрла полустопени карпи во близина на рибарскиот град Гриндавик, пишува Sky News .
Откако во ноември беа забележани илјадници мали земјотреси, властите ги евакуираа жителите на тој град, бидејќи се сомневаа дека ќе дојде до ерупција, што се случи во понеделникот вечерта.
И покрај огнените слики, експертите велат дека вулканската активност станува помалку интензивна во споредба со почетната ерупција.
Експертите предупредија дека загадувањето со гас може да го погоди главниот град на Исланд, Рејкјавик, но засега нема прекини во воздушниот сообраќај.
Кога вториот вулкан еруптираше на Исланд во 2010 година, илјадници летови беа откажани или одложени.
Исландската влада нагласи дека „ерупцијата не претставува закана за животот“.
Жителите на Гриндавик, кои веќе еден месец се надвор од своите домови, сега дефинитивно нема да смеат да се вратат дома за Божиќ, потврди и градоначалникот.