Викторија Бекам знае како да го истакне секое парче облека. По музичката кариера, талентот го пронашла во модата и воопшто не погрешила. Таа е една од оние кои на прво место ја ставаат елеганцијата. Ретко може да се види во вулгарно и провокативно издание, додека широките панталони и јакни се нејзин заштитен знак.
Нејзините модни комбинации и стилови се наменети за сите дами кои сакаат да зрачат со елеганција и софистицираност каде и да се појават. Со оглед на тоа што Викторија полека ја гази својата петта деценија, сите дами над 40 години можат да најдат инспирација во нејзиното облекување, но сигурно нема правила. Монохроматски и двобојни модни изданија со остар дизајн не се наменети за секого. Често може да се забележи во панталони со широки ногавици, и плитки и со длабок струк и потпетици.
,,Тивок луксуз“ е еден од нејзините стилови. Долгите капути и палта што ги носи Викторија Бекам ќе бидат во полн ек за сезоната есен/зима.
Истакнуваме неколку модни комбинации на Викторија Бекам кои можат да послужат како инспирација за работа, деловен состанок, ручек или излегување во градот.
Во галеријата погледнете дел од модните изданија на Викторија Бекам: