Досегашните студии покажаа дека урмите се суперхрана која го штити организмот од холестерол, од висок крвен притисок и од мозочен удар.
Придобивките од јадењето урми се безбројни, но ова се најважните 5:
Спречуваат дијареја
Урмите се богати со калиум, што ја олеснува работата на дигестивниот систем и поттикнува развој на добри бактерии.
Го регулираат холестеролот
Докажано е дека урмите го регулираат нивото на лошиот холестерол, така што ги штитат крвните садови и имаат моќ да спречат создавање на крвни згрутчувања.
Срцето е посилно
Со редовно консумирање урми се спречува атеросклероза, главна причина за срцев удар.
Го регулираат крвниот притисок
Ако страдате од висок крвен притисок, слободно може да јадете урми. Не содржат натриум, а се богати со калиум. Исто така, 6 урми содржат скоро 80 мг магнезиум, што е многу важно за здрав проток на крвта.
Спречуваат мозочен удар
Ако редовно јадете урми, благодарение на калиумот што го содржат, може да спречите мозочен удар. Истражувањата покажаа дека поголем внес на калиум може да го намали ризикот од мозочен удар за неверојатни 40 проценти.