Тони Надал, вујкото на Рафаел Надал, се изнервира за време на интервју во кое зборуваше за продолжението на сезоната.
Тој вели дека се надева оти Рафаел Надал ќе биде подготвен за учество на Грен Слем турнирот кој во кариерата го има освоено 14 пати.
„Сè уште верувам дека Рафа ќе оди на Ролан Гарос и ќе го освои трофејот“, изјавил Тони Надал во интервју за еден шпански медиум.
Потоа направи една невкусна шега која е соодветна само ако се користи во приватноста на четири ѕида со семејството и пријателите.
„Се надевам и дека во август ќе донесе медал од Олимписките игри. Јас сум голем оптимист. А, за да успее, моја желба е Новак Ѓоковиќ да се повреди, како и уште пет-шест други, за да победи Рафа“, изјави Тони Надал со оградата дека тоа било шега.
Секако, вакво нешто не треба да се каже, особено не во интервју кое може да допре до милиони луѓе ширум светот.