Најевтина земја за живеење: Билет за јавен превоз чини 3 центи, ручек 22 центи, а месечна кирија 60 евра

Според веб-страницата „Светот на статистиката“, Пакистан е прогласен за најевтина земја за живеење

За да провери дали ова е навистина точно, јутјуберот Џош Ларкин од каналот „The Burnt Chip“ отпатува во најголемиот град во оваа земја, главното пристаниште и финансискиот центар – Карачи.

Во Карачи заменил една британска фунта, околу 1,2 евра, за 400 пакистански рупии и се обидел да дознае што може да купи со нив за еден ден.

Своите искуства ги снимал со камера и видеото го објавил на Јутјуб каде досега го виделе повеќе од 3,4 милиони луѓе,

Претходно во текот на денот, Џош Ларкин се освежи со традиционалниот пакистански пијалок дудта – кој се прави од млеко, шеќер, мраз и сода, на улица, за само 30 рупии.

За ручек јадеше бирјани – зачинето јадење направено со ориз, компири и пилешко – и испи пепси за само 30 центи, додека за вечера уживаше во морска храна за ражен за приближно иста количина.

Во Карачи се обидел да јава камила, јавал тук-тук и гледал танц на отровни змии на звукот на флејти. Тој платил само три центи за автобуска карта.

Шетајќи низ Карачи, открил дека изнајмувањето стан во тој град чини околу 50 британски фунти или 60 евра, што е најмалку пет до десет пати поевтино отколку во повеќето европски градови.

Што видел, доживеал и пробал Џош Ларкин во Карачи за нешто повеќе од едно евро во најевтиното место за живеење, погледнете во неговото видео.