Душан Влаховиќ во последните неколку месеци е најекспонираниот српски фудбалер во медиумите од регионот. Уште од минатото лето името на напаѓачот на Јувентус и на српската репрезентација се поврзува со најголемите и најбогатите клубови во Европа.
Речиси и да нема фудбалски клуб во Европа, со моќ и интегритет, со кој не бил поврзан Душан Влаховиќ (23 г.). За време на зимскиот преоден рок, дури по завршувањето на Светското првенство во фудбал, колумните во весниците беа исполнети со информации за центарфорот од Србија.
Прв во игра беше Арсенал кој очајно бараше напаѓач, а потоа и Манчестер Јунајтед. Се споменуваше и цената од 80.000.000 до 100.000.000 евра, колку што бараше Јувентус, кој тогаш беше, и се уште е потресен од огромните проблеми на клубот. Срамежливо се споменуваше и Тотенхем кој го посакуваше Душан Влаховиќ од времето кога го носеше дресот на Фиорентина.
По завршувањето на преодниот рок во јануари, Душан Влаховиќ се уште беше во фокусот. Тој се поврзува и со Баерн Минхен, кој бара решение по заминувањето на Роберт Левандовски. Неговото име се поврзува и со Реал Мадрид, кој има потреба од млад напаѓач, со оглед на 35-те години на Карим Бензема. Срамежливо се споменуваше дури и Барселона, иако челниците на каталонскиот клуб минатото лето го доведоа Полјакот Левандовски.
Дека приказната за Душан Влаховиќ и финансиски силните клубови е целосна, се погрижи и најмоќниот колектив во Европа – ПСЖ. Според француските медиуми, Србинот е најидеалното решение за напаѓачка опција во следната сезона.
Во текот на летото се очекува голема „чистка“ во Париз, со евентуално заминување на Бразилецот Нејмар, додека во клубот би останале Килијан Мбапе и Лионел Меси. Во последните неколку дена Ливерпул наводно е во игра и за Душан Влаховиќ, бидејќи Бразилецот Фирмино на лето заминува од „Енфилд“.
Јувентус, клубот за кој настапува Душан Влаховиќ е во големи проблеми и финансиска неизвесност. Во јануари 2023 година, тие беа казнети со одземање на 15 поени во Серија А, бидејќи истражните органи утврдија дека незаконски стекнале капитални добивки преку трансфери во претходните години.