Покрај Шон Конери, Кристофер Пламер и Николас Кејџ, актерката Ума Турман исто така одби улога во сега култната трилогија „Господар на прстените“, за која сега горко жали.
Имено, Конери ја одбил улогата бидејќи не го разбирал изворниот материјал, Пламер затоа што не сакал да поминува толку многу време во Нов Зеланд, а Турман поради семејни причини.
Додека гостувала во емисијата кај Стивен Колбер, актерката открила дека во тоа време го родила своето прво дете и се чувствувала врзана за дома, пишува Collider. Не сакала да го „влече“ своето дете во Нов Зеланд, каде требало да помине три години.
Ума оваа одлука ја нарече „најлошата одлука во нејзиниот живот“. Иако имала оправдана причина зошто ја одбила улогата, денес сепак жали за тоа.
Патем, во „Господарот на прстените“ Ума требаше да глуми млад коњанички воин, внуката на кралот Теоден, Еовин, кој го убива кралот на вештерката од Ангмар. Откако ја одби улогата, Еовин ја играше Миранда Ото.