НАЈЛОШИТЕ СТРАВОВИ СЕ ОСТВАРУВААТ – Иран се заканува со голема ескалација на војната

Иран го предупреди Израел дека сите страни во регионот се подготвени да дејствуваат доколку Израел не ја прекине својата агресија врз Палестинците, објавија денес странските медиуми.

Ако ционистичката агресија не престане, тие мора да знаат дека прстите на сите страни во регионот се на чкрапалото“, изјави министерот за надворешни работи на ИранХосеин Амирабдолахиан.

Одговорноста за можното отворање на нови фронтови на отпорот во регионот и каква било ескалација на денешната војна е директна одговорност на САД и ционистичкиот режим Израел“, порача тој.

Во саботата, Хосеин Амирабдолахиан се состана со лидерот на ХамасИсмаил Ханија, во Катар каде што разговараа за смртоносниот напад на Хамас врз Израел и се согласија да продолжат со соработката за да се постигнат целите на групата, се вели во соопштението на Хамас.

Претходно, иранскиот претседател Ебрахим Раиси ја повика Франција да помогне да се спречи угнетувањето на Палестинците во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

војнаИзраелИранПалестинаХамасХосеин Амирабдолахиан