Премиерката на Естонија, Каја Калас, денес најави дека е заинтересирана да ја преземе функцијата генерален секретар на НАТО.
Запрашана дали би сакала да ја превземе таа улога кога ќе заврши мандатот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Каја Калас одговорила потврдно.
Таа неодамна кажа дека верува оти Украина може да ја победи Русија. Каја Калас ги отфрли и обвинувањата дека војната е во ќорсокак, велејќи дека тоа им служи на руските интереси.
„Тоа им оди во прилог. Не паѓајте во таа замка“, порача премиерката на Естонија.
Каја Калас додаде дека во Украина е потребен одржлив мир, а за тоа е неопходна поддршката од Соединетите Американски Држави.