Странските медиуми пишуваат дека актерот Џон Хам (51) се свршил со својата девојка Ана Осеоле (34).
Џон Хам е познат по улогата на Дон Дрејпер во серијата „Менхетен“ и важеше за еден од најпосакуваните ергени во Холивуд. Но, срцето му го „украла“ актерката Ана и Џон не крие колку е заљубен и рекол дека „до неа одлично се чувствува и размислува за брак и деца“.
Тие се запознале на снимањето на споменатата серија, но извесно време го криеле фактот дека се во врска.
Пред Ана, познатиот актер беше во врска со актерката Џенифер Вестфелд 18 години, но само еден месец откако ја запозна Ана во 2015 година, парот излезе со соопштение дека се разделува.
Без оглед на тоа дали Ана имала рака во раскинувањето или не, било јасно дека меѓу неа и Џон постои силна врска бидејќи на крајот лудо се заљубиле, пишува Дејли Мејл.
Првите навестувања дека Џон и Ана се забавуваат се појавија во мај 2020 година, а наскоро тие почнаа да се појавуваат заедно во јавноста.