Полицијата соопшти дека напаѓачот бил 18-годишен ученик кој нападнал наставник и двајца соученици, како што беше потврдено, напаѓачот е уапсен
Најмалку две лица загинаа во напад со нож во училиште во северна Словачка.
Полицијата го уапсила 18-годишниот напаѓач.
„Најмалку две лица загинаа, а едно е повредено“, изјави Данка Чапакова, портпарол на Словачката служба за итни случаи.
Наведено е дека неколку екипи за итни случаи биле испратени во градот Спишка Сатар Вес.
Полицијата соопшти дека напаѓачот бил 18-годишен ученик кој нападнал наставник и двајца соученици. Како што беше потврдено, напаѓачот е уапсен.