– Најмалку 14 Палестинци, меѓу кои и деца, загинаа во новите израелски воздушни напади во различни делови на Појасот Газа, јавува Анадолу.
Според државната палестинска новинска агенција ВАФА, израелски воени авиони бомбардирале куќа во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа. Во нападот загинати се двајца Палестинци, а 12 се ранети.
Многу луѓе се повредени во интензивните артилериски напади што израелската армија ги изврши врз бегалските кампови Бурајџ и Мегази.
Најмалку осум Палестинци загинаа во напад на израелски воени авиони врз областа Аз-Зејтун во југоисточниот дел на градот Газа.
Медицинските тимови ги извлекоа телата на трите деца од семејството Ал Раи и нивната мајка од урнатините на нивната куќа што пред два дена беше бомбардирана од израелски авиони во кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.
Министерството за здравство во Газа вчера соопшти дека 37.431 Палестинец, вклучувајќи најмалку 15.517 деца и 10.279 жени, се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври.
Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат илјадници загинати Палестинци.