– Најмалку 17 лица, меѓу кои и деца, се убиени, а десетици се повредени во израелските напади денес, според медицински лица.
Државната новинска агенција Вафа, повикувајќи се на медицински извори, јави дека 10 лица, меѓу кои и деца, се убиени во израелските воздушни напади врз две куќи на улицата Ал-Џала во градот Газа, северниот дел на Појасот Газа.
Израелската армија погоди шатор во кој се засолниле раселени цивили во западниот дел на градот Газа, при што се убиени шест лица, меѓу кои и три деца.
Еден Палестинец го загуби животот во израелски оган во градот Ал-Муграка, во централниот дел од Појасот Газа.
Во тековната војна на Израел во Газа од октомври 2023 година се убиени речиси 65.000 Палестинци и опустошената енклава се соочува со глад.
Израел се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната на територијата.