– Индонезиските спасувачи и пожарникари денеска трагаат по 16 лица кои се водат како исчезнати под урнатините на јагленисани куќи и згради, откако во големиот пожар што синоќа се прошири од складиште за гориво во Џакарта загинаа најмалку 18 лица, а 40 се повредени, од кои некои се во критична состојба.
Шефот на индонезиската полиција Листјо Сигит Прабово изјави дека повеќе од 1.300 луѓе се раселени и се сместени во 10 владини канцеларии, командното место на Црвениот крст и спортскиот стадион.
Околу 260 пожарникари со 52 противпожарни возила го изгаснаа пожарот нешто повеќе од два часа по неговото избувнување, соопштија пожарникарите.