Најмалку 22 лица загинаа, а десетици се ранети кога силна експлозија одекна во преполна џамија во пакистанскиот град Пешавар, изјави за ДПА портпаролот на локалната полициј .
Експлозијата најверојатно била резултат на самоубиствен бомбашки напад, но истрагата е во тек, соопшти полицијата во северозападниот град, додавајќи дека инцидентот се случил за време на попладневните молитви во зоната со високо обезбедување.
Полицијата соопшти дека бројот на повредени е 96, од кои многумина се пренесени во болница.
Ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за нападот врз џамијата.