– Најмалку 23 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во торнадото и силната бура со грмотевици што синоќа зафати дел од американската сојузна држава Мисисипи, соопшти државната агенција за вонредни состојби и извести дека торнадото предизвикало материјална штета во област подолга од 160 км.
Четири лица се водат како исчезнати, а тимовите за пребарување и спасување трагаат по преживеани откако невремето ја погоди областа Сивер Сити во западен Мисисипи, соопшти државната Агенција за вонредни состојби.
– За жал, очекуваме овие бројки да се променат, најавија тие, мислејќи на бројот на загинати.
Си-Ен-Ен јавува дека тимови за пребарување и спасување биле и во Ролинг Форк, градот најтешко погоден од торнадото.
-Никогаш досега не сум видела вакво нешто, изјави Бренди Шооа за Си-Ен-Ен. „Ова беше убав мал град, а сега го нема“.
Ловците на бури испратиле најмалку 24 извештаи за торнада до Националната метеоролошка служба во текот на ноќта.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат урнати згради и автомобили превртени на страните, како и групи луѓе кои се обидуваат да излезат од урнатините.