– Најмалку 27.019 Палестинци се убиени во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври досега, а ранети се 66.139.
Палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека во израелските напади во последните 24 часа се убиени најмалку 118 Палестинци, а 190 се ранети.
Бројот на Палестинци загинати од почетокот на израелските напади се зголеми на 27.019, а ранети се 66.139.
Голем број Палестинци и понатаму се наоѓаат под урнатините на објектите по израелските гранатирања и бомбардирања. Поради постојаните бомбардирања и гранатирања, тимовите на цивилната заштита и на итната медицинска помош имаат потешкотии во акциите за пребарување и спасување.