Црниот џип марка Range Rover на Кајли Џенер бил забележан како пристигнува пред домот на актерот Тимоти Шаламет во Беверли Хилс, Лос Анџелес во четвртокот.
Ова се случува во време на гласините дека 25-годишната милијардерка и ријалити-ѕвезда се гледа со 27-годишниот актер, инаку познат шармер.
На фотографиите објавени од Daily Mail, луксузното возило на сопственичката на Kylie Cosmetics може да се види како се движи по патот кон имотот на Шаламет. Актерот го купил имотот вреден 11 милиони долари минатата година, а тој е околу еден час оддалечен од имотот на Кајли Џенер во Холмби Хилс, вреден 36,5 милиони долари.
Гласините за нивната врска се појавија на почетокот на месецот на озборувачкиот блог DeuxMoi. Според нивниот извор, тие се во тајна врска од јануари. Кајли Џенер раскина со Тревис Скот (31 г.) во пресрет на Нова Година, откако беше во постојана врска од 2017 година. Поранешниот пар имаат заедно две деца – 5-годишната ќерка Сторми и едногодишниот син Ајре. Во меѓувреме, актерот уживаше во бројни романси низ годините и беше поврзан со Еиза Гонзалес, Лили-Роуз Деп и ќерката на Мадона, Лурд Леон.
Се вели дека романсата на Џенер и Шаламет започнала откако парот присуствувал на истата модна ревија на Жан Пол Готје во јануари. Во март беа и на забавата за Оскар на магазинот „Vanity Fair“, но не беа фотографирани заедно.