Најмодерниот американски носач на авиони мина покрај грчкото пристаниште Пиреј

 – Американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд“ е забележан во близина на грчкиот брег.

Носачот на авиони од новата генерација на американската морнарица мина близу пристаништето Пиреј, кое е 12 километри оддалечено од Атина, главниот град на Грција.

Американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд“ е најновиот и најмодерниот носач на авиони на морнарицата на САД. Овој носач на авиони од најновата генерација има погон на два нуклеарни реактора со четири оски.

Бродот е долг 332,84 метри, широк 40,84 метри, а ширината на палубата за авиони изнесува 78,03 метри.

Може да плови 20 години без дополнување на горивото, а неговата изградба чинеше 12,8 милијарди долари (околу 11,6 милијарди евра). Името го доби по 38. американски претседател Џералд Рудолф Форд, кој претседателската функција ја извршуваше од 1974 до 1977 година.