Не е тајна дека Хелена Сегер, сопругата на Златан Ибрахимовиќ, била богата и пред да се омажи за него, а по манекенството започнала и повеќе од профитабилен бизнис.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ, никогаш не криел колку во кариерата му значи поддршката од семејството, а пред се неговата сопруга Хелена Сегер, која е 11 години постара од него. Љубоморно го чуваат приватниот живот од очите на јавноста, а покрај ситните кавги и приказните за неверство, докажаа дека нивната љубов е сепак посилна од се.
Инаку, Хелена не е типична сопруга на фудбалер, како што еднаш самата рече, а многу ретко ќе ја видите во јавноста. Таа не троши премногу време на својот изглед, признава дека има преголеми усни и прекратки нозе, подобро се чувствува во фармерки отколку во дизајнерски фустани, не сака шопинг, нема домашна помошничка, ужива во брзо возење на мотор и речиси никогаш не дава интервјуа.
Во една прилика таа јасно стави до знаење дека не е со сопругот поради парите.
-Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година, а јас 32, имав кариера и богатство и не ми требаше фудбалер да ме храни. Бев независна, а тој дури и не беше мој тип на маж. Првиот пат кога го видов, тој се заби во мојот Мерцедес со неговото Ферари.
Не можев да го „извадам“ мојот мерцедес од паркинг. Го видов само неговиот голем нос и златен часовник на раката. Прилично налутено му реков да се помрдне во истата секунда и го нападнав. И очигледно виде нешто што му се допадна во тој мој потег. Животот со него не е лесен, но ниту животот со мене. Ми се допадна што можам да му се спротивставам. Јас сум јас – рече таа.
– Луѓето немаат поим колку се жртвував и работев за да станам успешен и затоа ми пречи кога ме етикетираат „девојка на Ибрахимовиќ или жена на фудбалер“ – изјави Хелена за Elle.
Меѓутоа, што всушност прави Хелена и како заработила дури милиони во раните триесетти. Нејзиното лично богатство денес се проценува на околу 160 милиони долари, а станала успешна претприемачка и деловна жена бидејќи нејзините родители Маргарета и Ингемар уште од најраните денови успеале да ја научат да не се плаши од ништо на патот до успехот.
Хелена почнала да работи на 13 години. А подоцна дипломирала дизајн и економија. Со оглед на тоа што кариерата ја гради уште од мала, не е чудно што веќе за време на студиите успеа да се вработи со големи брендови како Replay и Diesel. Таа го започна својот потфат во секторот за продажба и маркетинг со Bonner, а подоцна работеше со компаниите Corona и Hooch, FlyMe.
Голема улога во животот на прославениот спортист има и поранешната манекенка, сега експерт за маркетинг и недвижнини. Ибра се консултира со неа за се, и кога се во прашање договорите и кога се спонзорствата.
Таа изгуби сè и повторно стана
Интересно е што Хелена во еден момент изгубила се, односно ги фрлила сите сили во вода. Кога Златан потпиша за Јувентус, неговата невенчана сопруга отиде со него во Италија. Поради ова, таа мораше да ги остави сите договори и професионална кариера во Шведска. Но, тоа не ја спречи да ја развие својата кариера во бизнисот. Таа отвори компанија за недвижнини во Италија, а моментално поголемиот дел од времето го поминува во бизнис со недвижнини.