Тиборц е оженет со најстарата ќерка на Орбан Рахел и тие се најмоќната двојка во Унгарија.
Иштван Тиборц , зет на унгарскиот премиер Виктор Орбан , неодамна стана тема број еден на медиумите во Србија бидејќи купил дури 11 згради во Белград . Тој со години е еден од најпознатите луѓе во Унгарија, а тој и неговата сопруга Рахел , најстарата ќерка на Виктор Орбан, се најмоќната двојка во оваа земја .
Тиборц е роден на 23 јуни 1986 година и е доминантен сопственик на групата компании за капитални инвестиции и развој на недвижности BDPST Group . Во рангирањето на 100-те најбогати луѓе во 2023 година, тој е 25-та најбогата и 15-та највлијателна личност во Унгарија . Како капитален инвеститор го има приматот во сегментите на туристички недвижности и развој на хотели, финансиски услуги, меѓународен и домашен транспорт на стоки и комплексна логистика.
Сепак, неговата кариера е проследена со контроверзи токму поради неговата поврзаност со Виктор Орбан . Нашироко се шпекулира дека по доаѓањето на Виктор Орбан на власт во 2010 година, тој го стекнал своето богатство преку државни провизии, наместени тендери и договори со државата . Неговото семејство никогаш не ги криело своите врски со Фидес , партијата на Виктор Орбан , и под негово владеење беше создадена групата БДПСТ .
Компанијата е основана во август 2015 година. Се занимава со капитални инвестиции, инвестиции во недвижен имот, реновирање на споменици, развој и работа на канцеларии и хотели, а исто така влезе во финансискиот сектор во 2021 година и во логистичкиот сектор во 2022 година.
Сомнеж за злоупотреби
Претходните години Тиборц беше мета на регулаторните органи на Европската унија, поради бизнисот што го добиваше со државата и сомнежот за нивна злоупотреба. Тој секогаш ги негираше обвинувањата, а еднаш дури изјави дека сфатил дека не може да напредува како бизнисмен затоа што е зет на Виктор Орбан и „луѓето секогаш се сомневаат во непотизам“.
Тиборц е оженет со најстарата ќерка на Орбан Рахел . Таа е родена на 18 мај 1989 година и е најстарата од петте деца. Завршила гимназија Варосмајор. Во летото 2006 година завршила семестар на Универзитетот во Сиена, а во 2007 година била примена на Универзитетот Корвинус во Будимпешта, насока туризам и угостителство. Пролетта 2008 година студирала на Универзитетот Сорбона во Париз. Дипломирала туризам и хотелски менаџмент во 2013. Од 2012 до 2014 година работела во хотелот Кемпински Корвинус како менаџер за продажба. Рахел е една од највлијателните луѓе во Унгарија , особено во трговската индустрија.
Random, for fans 🙂 Viktor Orbán at the wedding of his daughter in 2013 pic.twitter.com/pZhpCyEmUL
— Mariann Őry (@otmarianna) January 21, 2016
Во 2019 година, нејзиниот имот беше проценет на 108 милиони евра , што ја направи една од најбогатите Унгарки . Исто како и нејзиниот сопруг Иштван. Таа во јавноста е позната и како „малечката од скандалите“. Таа често беше обвинета за финансиски малверзации, како и Тиборц. Таа неколку пати се појавуваше на државни состаноци, како претставник на Унгарија, иако не е функционер на таа земја. Ова не им избега на медиумите, но и на меѓународната заедница.
Сепак, самиот Орбан и неговата постара ќерка никогаш не обрнувале внимание на критиките, дури не ги ни коментирале. Рахел продолжува да се појавува каде што сака, додека таа и нејзиниот сопруг добиваат милионски договори. Во една прилика била обвинета за арогантно однесување кога била фотографирана како фрла пелена на страна од патот во Хрватска додека била на одмор со семејството .