Најнеобичната роденденска желба Трамп и ја подари на сопругата

Пред телевизиските камери и толпата новинари, поранешниот американски претседател Доналд Трамп и честиташе роденден на својата сопруга Меланија, неколку моменти пред да влезе во судницата.

„Сакам да започнам со честитање роденден на мојата сопруга Меланија“, изјави тој за медиумите во ходникот на судот на Менхетен, пишува Business Insider .

„Би било убаво да сум со неa но јас сум на суд за лажно судење“, нагласи тој понатаму.

Ова беше дефинитивно најчудната желба што сте ја виделе.

Трамп го помина денот во кривичниот суд на Менхетен под обвинение дека фалсификувал деловни документи за да скрие плаќање за да го купи молкот на ѕвездата од филмовите за возрасни.

Поранешниот американски претседател, кој е и фаворит за избор на републикански кандидат, се соочува со обвинувања и во други прилики.