Најнови истражувања: Новата вакцина за меланом покажува трајна ефикасност

Новата вакцина за лекување на меланом има вкупна стапка на преживување од 96 проценти, покажа новото истражување.

Фармацевтската компанија Moderna и нивниот партнер Merck & Co објавија дека нивната вакцина против рак е комбинирана со лекот што се користи за лекување на ракот, Keytrud, и дека резултатите покажале трајна ефективност, пишува Sky News.

Студијата на 157 пациенти покажа дека по две и пол години, пациентите со меланом кои ја примиле вакцината имале вкупна стапка на преживување од 96 проценти. Декемврискиот извештај, кој ги следеше пациентите во последните три години, покажа дека има 49 отсто намалување на ризикот од релапс или смрт кај пациентите кои ги примиле вакцините во споредба со оние кои само го користеле лекот Keytrud.​

– Оваа вакцина е едно од најголемите достигнувања, не само кога станува збор за меланомот, туку и за другите видови на рак – изјави професорот Лонг.

Според Меѓународниот фонд за истражување на ракот, годишно на повеќе од 150.000 луѓе ширум светот им се дијагностицира меланом.