Блејк Лајвли носи фустан кој бара многу храброст.
Актерката Блејк Лајвли неодамна присуствуваше на годишната гала вечера „LACMA“ во Лос Анџелес. За таа прилика таа носеше металик креација, составена од златни кристали и дијаманти.
Грандиозниот мини фустан е дизајниран од дизајнерката Тамара Ралф, а популарната актерка често ги избира модните парчиња на Тамара за свечени пригоди.
Блејк во целокупниот стајлинг додаде преголем свилен капут во боја на топаз.
Инаку, ова е првиот голем настан на популарната актерка откако започна драмата
со филмот „Со нас завршува“ .
Блејк не сме го виделе јавно откако новинарката, на која Лајвли и даде интервју во 2016 година, проговори и тврдеше дека е толку непријатно да разговара со неа што дури помислила да се откаже од новинарството, пренесува Page Six.
Во еден момент Лајвли стана најомразената жена во Холивуд и сето тоа поради нејзините контроверзни изјави поврзани со филмот „I Ends With Us“.