Последиците од страшното невреме што ја зафати Словенија најмногу се чувствуваат и се гледаат на северот од таа земја. А едно видео кое се појави на социјалните мрежи буквално ќе ви ја скрши душата.
Видеото во кое можете да видите куќа која поројот ја срамни со земја, ја прикажува сета болка и беда што ги остави зад себе времето со кое Словенците се борат веќе втор ден.
Од нечиј дом останале само ќерамиди и прозорци, а водата однела и уништила сè
Тажната снимка е направена во градот Преваље, Словенија.
Како што пренесува порталот „24sata.hr“, ова место е евакуирано.
Словенија забележа четири смртни случаи како последица на невремето што зафати поголем дел од земјата, од кои двајца се државјани на Холандија, еден Словенец кој загина во областа Камник и непознат маж чие тело е пронајдено на брегот на Сава, на неколку стотини метри од неговата куќа.
Премиерот на Словенија, Роберт Голоб изјави дека Словенија се соочи со најтешката природна катастрофа во поновата историја, а причинетата штета е веројатно повеќе од половина милијарда еврa.