Драгана Мирковиќ по 24 години брак поднела документи за развод и покрај тоа што се обидела да го спаси сето она што го изградила со Тони, а во кое покрај богатството, ги имале двете деца – синот Марко и ќерката Мануела.
Иако стекнале големо богатство, самиот почеток не бил лесен. Како што се знае, двајцата живееле во Виена во стан од 50 квадрати.
– Животот го започнав од нула од прекрасна куќа во Белград до стан од 50 квадратни метри во Виена. Не ми пречеше, бидејќи знам што е љубов. Не можам да ви кажам дека ми беше лесно, без разлика што Виена е многу блиску и доаѓав често, тоа е огромна промена. Знаев често и да заплачам – искрена беше Драгана.
Сите знаат дека Мирковиќ е од Касидол, но малкумина знаат дека нејзиниот законски сопруг е од селото Шимиќи, кое се наоѓа на неколку десетици километри од центарот на Бања Лука.
Пред неколку години Бијелиќ го посети семејниот дом со својот син и објави сè на Инстаграм.
Старата селска куќа е опкружена со недопрена природа, што прави скромно уредениот дом на Тони Бјелиќ да изгледа како вистински рај за релаксација.
Да потсетиме, фолк ѕвездата живеела со Тони во зграда која ја купила пред две децении и со години инвестирала во неа за да ја врати од пропаст во првобитната состојба. Замокот Ебенфур, по реновирањето, со површина од 12 илјади квадратни метри, беше проценет на над 50 милиони евра.