НАЈСЕКСИ ЖЕНА НА СВЕТОТ ПЕЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ: Пристига атрактивната Бразилка со најголемиот светски хит ВИДЕО

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави дека атрактивната бразилска пејачка Анита ќе настапи за време на финалето на Лигата на шампионите .

Анита на 10 јуни ќе ја забавува публиката во Истанбул заедно со нигерискиот музичар Бурна Бој пред натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Интер.

Бразилката минатата година го имаше најголемиот светски хит „Енолвер“. Таа достигна неверојатна популарност, па со рекордната продажба на нејзиниот петти албум беше номинирана за наградата Греми.

– Многу ми е драго што ја дознав оваа вест и чекам да се појавам на сцената за време на финалето. Се надевам дека ќе им приредиме одлично шоу на гледачите ширум светот. Не пропуштајте – рече Анита.

Бразилката има 30 години, а првиот голем успех го постигна во 2013 година кога се појави во музичка шоу програма во нејзината земја. Со текот на времето, стана популарен надвор од Јужна Америка.

Во 2015 година дури беше прогласена за најсекси жена според гласовите на читателите на ВИП магазинот.