Поранешната сопруга на принцот Ендру (63 г.) и авторка на историски романси, Сара Фергусон (64 г.), неодамна гостуваше во британската емисија „This Morning“ на ITV.
Со оглед на тоа што таа пишува романтични романи и веќе неколку години живее со бившиот во неговата резиденција односно кралската ложа, недалеку од замокот Виндзор, имала посебна задача. Таа трбала да ги советува луѓето како да ја „вратат магијата“ во врската или бракот, да организираат романтичен настан и како да се однесуваат на првиот состанок.
Еден гледач ја прашал за совет додека таа и нејзиниот сопруг се бореле да најдат баланс меѓу кариерата и родителството, пренесува The Independent.
„Облечете ја таа секси долна облека“, кажала Сара Фергусон.
Сара Фергусон препорача да ангажира дадилка за да му подготви големо изненадување на нејзиниот сопруг.
„Пронајдете ја соодветната долна облека од фиоката, направете фризура и подгответе му ’изненадување’. Направете го задоволството големо, за да остане без зборови. Организирајте се и изненадете го“, рекла војвотката и додала: „Сега соблечи ја таа секси долна облека“.
Дополнително, таа додала дека тука е многу важен „елементот на изненадување“. И дека токму љубовните игри кои другата страна не ги очекува, можат да ја „вратат магијата во врската“.
Потоа, пред презентерите Дермот О’Лири и Алисон Хамонд открила како и самата преземала нешто слично. Таа оставала „љубовни белешки“ во сквош чевлите на партнерот.
Сара Фергусон, која ја задржа титулата војвотка од Јорк по разводот со принцот Ендру, не прецизираше дали се работи за нејзиниот поранешен сопруг. Сепак, некои детали ги задржала за себе.