Роберто Манчини повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија
Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија соопшти дека постигнал спогодбен раскин на соработката со Италијанецот Роберто Манчини, кој повеќе нема да ја извршува селекторската функција.
Манчини (59) во август минатата година стана селектор на Саудиска Арабија, потпишувајќи четиригодишен договор.
Италијанскиот стручњак забележа осум победи, седум нерешени и пет порази во 20-те натпревари во кои ја предводеше Саудиска Арабија.
Саудиска Арабија моментално е трета во групата Ц од азиските квалификации за СП 2026 година, со пет бода.
Манчини во својата кариера ги водеше Фиорентина, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит, а со репрезентацијата на Италија го освои и Европското првенство во 2021 година.
Интересно, останува прашањето колку ќе биде тежок отказот за Манчини, кој за нешто повеќе од една година треба да инкасира повеќе од 50 милиони евра, бидејќи имаше важечки договор до 2026 година и годишна плата од 25 милиони евра.