НАЈСТАРАТА ЖЕНА ВО ИТАЛИЈА ПОЧИНА НА 114 ГОДИНИ – Доктор ги открива трите нејзини тајни на долговечноста

Најстарата Италијанка, Доменика Ерколани, почина во Пезаро на 114-годишна возраст, јави денес медиумската агенцијата ANSA.

Доменика Ерколани е родена на 3. јули 1910 година во Урбино и беше втората најдолговечна личност во Италија.

Таа била домаќинка и сопруга на менаџер на железничка станица кој никогаш не ја напуштил провинцијата Пезаро Урбино.

Таа долги години беше вдовица, а за неа се грижеше нејзината 87-годишна ќерка Алесандра Рупалти.

Нејзиниот матичен доктор Данило Де Санти изјавил дека Доменика Ерколани починала од старост и дека таа била „исклучително здрава личност“.

Што може повеќе да се каже за оваа личност со неверојатен темперамент: таа никогаш во животот не земала лекови, а живеела 113 години“, рекол докторот.

Тој изјавил дека Доменика Ерколани била непушачка, а сакала лесни оброци со чаша вино.

Според италијанските медиуми, Доменика Ерколани поминала низ многу во своите 113 години, вклучувајќи ја монархијата на Кралството Италија, две републики (првата и втората италијанска република), десет папи и три епидемии (шпански грип 1918-1920, САРС – 2004 и Ковид-19).

животИталијасмрт