Следната недела ќе видиме полна месечина во Лав (12 февруари), што го симболизира крајот на животниот циклус. Полната Месечина во Лав ќе влијае на сите знаци, но посилно ќе ја почувствуваат Лавовите, Водолиите, Биковите и Скорпиите. Венера е во Овен, па затоа сме во подинамичен период кога е љубовта во прашање. Стрелец, Лав и Овен може да очекуваат емотивен пресврт.
Овен
Работа – Оваа недела можете да очекувате неочекувани ситуации на работа кои бараат брза реакција. Вашата способност за прилагодување ќе биде клучна за успехот.
Љубов – Венера во вашиот знак ви носи можност да се заљубите и да флертувате. Подготвени сте за нови предизвици и ќе имате можност да избирате кога е љубовта во прашање. Полната месечина на 12 февруари укажува на губење контакт со личност која до сега ви била блиска.
Здравје – Послабо.
Бик
Работа – На почетокот на неделата ѕвездите ви ветуваат голем финансиски подарок, како што се неочекувани пари или покачување на платата. Венера во Овен ви ја носи потребата за подинамична атмосфера на работа.
Љубов – Венера е во Овен , па брзо ви здосадува. Склони сте кон авантури и краткорочни врски. Уживате во се што е ново и возбудливо. Полната месечина во Лав ќе ви донесе зголемени расправии со членовите на семејството од средината на неделата.
Здравје – Психолошки проблеми.
Близнаци
Работа – Оваа недела може да отвори нови можности за професионален раст. Контактите со странски земји можат да донесат одлични резултати. Можност за преселба во друга земја заради работа.
Љубов – Јупитер тргна напред , а Венера е во Овен, па ве очекуваат нови познанства. Многу припадници на вашиот знак ќе се заљубат во пријател.
Здравје – Добро.
Рак
Работа – Неделата ќе ви биде полесна отколку што очекувавте, а многу проблеми ќе се решаваат побрзо. Обрнете внимание на малите нешта – деталите можат да направат разлика. Јупитер кај Близнаците тргна напред, па можете да очекувате добри вести на работа .
Љубов – Венера во Овен ви носи ново познанство преку работа. Тоа може да биде некој кој спортува или е многу амбициозен. Можете лесно да се поврзете со личноста со која работите.
Здравје – Чувствително.
Лео
Работа – Време е да ја покажете својата сила, особено во професионалната сфера. На 12-ти февруари во вашиот знак не очекува Полната Месечина , така што завршувате дел од вашиот животен циклус. Подгответе се за промени во сите области.
Љубов – Ќе има хармонија во вашиот личен живот доколку успеете да ги балансирате работата и љубовта. Венера во Овен може да ви донесе познанство со личност која доаѓа од странство. Полната месечина во вашиот знак ви носи емотивна кулминација во средината на неделата.
Здравје – Послабо.
Девица
Работа – Оваа недела се ќе ви биде по мерка за работата да оди без проблеми. Усвојувате нови работни навики кои ќе донесат супериорни деловни резултати. Ќе бидете повеќе свртени кон интернетот.
Љубов – Работата ви е поважна од љубовта и не ја криете. Сепак, можете да очекувате покана за состанок од личност која неодамна е разведена.
Здравје – Променете ги лошите навики.
Вага
Работа – Внимавајте на се што ви се случува деновиве . Ќе ви бидат доверени важни работни места и профитабилни договори, а платата ќе биде соодветна.
Љубов – Во љубовта ќе владее вистинска бајка! Венера во Овен ви носи брз емотивен пресврт, па затоа треба да се подготвите за возбудлива недела.
Здравје – Добро.
Шкорпија
Работа – Оваа недела сте незапирливи! Сè ви оди без проблеми , дури и досадните извештаи сами пишуваат. Ќе добиете деловна понуда која ќе биде примамлива. Полната месечина во Лав носи голема промена на работното место.
Љубов – На љубовно поле е сончево – цвета романтиката, дома или на јавни места. Венера во Овен ви носи повеќе јадење надвор.
Здравје – Чувствително.
Стрелец
Бизнис – Комуникацијата е клучна во наредните денови. Имате голема моќ на убедување, па затоа треба да го искористите тоа. На работа конечно влегувате во подобар период со поголеми можности.
Љубов – Венера во Овен ви носи можност ненадејно да се заљубите. Ќе имате бурна врска со личност која силно ќе ве привлекува. Очекувајте го неочекуваното до крајот на февруари.
Здравје – Подобрување.
Јарец
Работа – Нагласена втора куќа ви носи успешни финансиски преговори. Може да очекувате и нови деловни понуди. Сè што е поврзано со интернетот и новите технологии ќе ви се допадне.
Љубов – Во односите со саканите покажете мудрост и трпение за да избегнете недоразбирања. Венера е во Овен, па флертувањето преку СМС пораките ќе биде засилено.
Здравје – Одлично.
Водолија
Работа – Во наредните денови нема лоши вести, бидејќи сезоната на вашиот знак ве штити од негативни влијанија. Можете лесно да ги остварите вашите соништа и цели кои изгледаа невозможни.
Љубов – Ќе почнете интензивно да се допишувате со една личност. Сè ќе започне со безопасна кореспонденција, а потоа може да се претвори во страсна романса. Водолиите кои се во брак ќе имаат криза околу 12-ти февруари кога е полна месечина во Лав.
Здравје – Добро.
Риба
Работа – Венера во Овен ви носи прилив на пари . Тоа може да биде и гест што ќе ви значи, како бонус. Деловната ситуација е нестабилна, па имате впечаток дека се се менува од ден на ден.
Љубов – Меркур во куќата на тајните укажува дека вие или вашиот партнер не сте искрени еден кон друг. Многу е важно да бидете што е можно поотворени за тајните да не станат камен на сопнување во вашата врска.
Здравје – Чувствително.