Познатата манекенка Хајди Клум ја разбуди фантазијата кај нејзините обожаватели со својата нова велигденска фотографија објавена на социјалните мрежи.
Хајди ставила зајачки уши на главата, се соблекла топлес и заводливо позирала пред камерата. Таа со фотографијата се пофали на својот Инстаграм профил и доби бројни комплименти во коментарите под објавата.
Германскиот супермодел испрати бакнеж со усните, ги покри голите гради со рацете и уживаше покрај базенот. Таа со своите обожаватели сподели и каква била потрагата по велигденските јајца на нејзините деца. Клум нормално нема проблем да позира гола, па неодамна таа и нејзиниот сопруг Том Каулиц целосно голи ја прославија четвртата годишнина од бракот.
49-годишната се најде на насловната страна на магазинот Vouge заедно со 33-годишниот рокер, со кого се венчаа во 2019 година, по помалку од една година врска, а Клум постојано го нарекуваше својот партнер како „љубовта на мојот живот“. Свадбената церемонија се одржа во Калифорнија, а потоа со семејството и пријателите ја повторија церемонијата во Италија.
Хајди има четири деца: 18-годишната Лени, 17-годишниот Хенри, 16-годишниот Јохан и 13-годишната Лу. Најстарото дете го има со бизнисменот Флави Бријаторе, а другите три со пејачот Сил.