Актерката Моника Белучи (59) се појави на 18. Филмски фестивал во Рим , а многу фанови сега се поделени во мислењата кога станува збор за изгледот на италијанската дива.
Имено, Белучи прошетала во вртоглаво високи потпетици кои многу жени не би можеле да ги носат, па многу коментираат што сакала да изгледа повисоко и со нив да ја издолжи својата фигура. Покрај тоа, поради кројот на елегантниот долг фустан, актерката чекорела подгрбавено, а се покажа и нејзиното боди за стегнување, што го потврдува фактот дека сака да изгледа послаба. Некои тврдат дека Моника очајно се обидува да изгледа помладо.
Инаку, актерката се појави на фестивалот рака под рака со нејзиното момче, режисерот Тим Бартон .
Двојката се запознала пред 16 години, но извори блиски до нив тврдат дека љубовта се разгорела кога се запознале на филмскиот фестивал Лумиер во Лион. Белучи потоа му ја додели наградата за животно дело Lumière на славниот режисер.
Да потсетиме, нејзината најпозната љубовна врска беше со францускиот актер Винсент Касел, со кого се омажи во 1999 година по три години врска. Моника и Винсент заедно снимија девет филмови и имаа две ќерки Дева и Леони, а се разведоа во 2013 година.