…На многумина не им беше добро.
Најпознатата манекенка на денешницата Бела Хадид неодамна ја претстави својата линија парфеми наречена „Orebella“. По тој повод организираше вечерна забава во Западен Холивуд, а фотографите на странските медиуми не ја пропуштија можноста да ја фотографираат оваа 27-годишна убавица.
Воодушевувачките фотографии на Бела стигнаа и до социјалните мрежи, а таа маѓепса многумина со изборот на тоалет за вечерната пригода. Како што можете да видите, најубавата жена на светот носеше лелеав фустан во валкано розова боја, а цветните мотиви во виолетова боја го комплетираа „винтиџ“ дизајнот.
Покрај ситните детали, споменатиот фустан го краси и длабоко деколте кое ги истакнуваше градите и ја истакнуваше женската фигура на најпосакуваната жена во модната индустрија.