Најубавата русокоса во Холивуд денес ги „плаши“ луѓето: Што направи со себе?

Магичната насмевка ја замени со мрачен израз.

Тара Рид (48) е актерка која и е позната на телевизиската и филмската публика ширум светот, многумина се сеќаваат на нејзината препознатлива насмевка, меѓутоа, само еден погрешен потег ја доведе до катастрофа.

Нејзиното последно појавување во јавноста привлече големо внимание. Тара се појави да им дава автограми на голем број обожаватели, но нејзиниот слаб изглед беше во фокусот. Иако е познато дека актерката отишла на липосукција, такви резултати никој не очекувал.

По тој зафат Тара имала бројни последици, меѓу кои и збрчкана кожа на стомакот, а не можела да го спречи наглото слабеење.

Актерката веќе некое време изгледа исклучително слабо, што ги загрижува и оние кои не ја познаваат, а нејзиниот изглед е многу често тема на медиумите.

Тара редовно го рекламира и негира дека има анорексија. Таа за својот изглед го обвинува брзиот метаболизам, но едно е сигурно, денес нема ништо од претходната Тара на која многумина од нас се сеќаваат.