Убавата хрватска тенисерка Дона Векиќ објави нови фотографии и предизвика големо внимание и кај машката и кај женската публика.
Покрај неверојатните спортски успеси на тениските терени, оваа Осијекчанка е позната и по својата убавина, но и по врската со тенисерот Станислас Вавринка.
Вавринка и Дона Векиќ важеа за еден од најинтригантните парови и поради начинот на кој започна нивната врска, но и поради фактот што и двајцата се од светот на тенисот. Пред три години ставија крај на својата бурна романса, но за неа се уште се зборува.
Да потсетиме, оваа 27-годишна тенисерка започна романса со 12 години постар тенисер во 2015 година , а долго време ја криеја оваа врска од јавноста поради тоа што Вавринка ги остави сопругата и ќерката за Дона.
Двајцата никогаш не зборувале за својата љубов, но убавата Хрватка своевремено за швајцарскиот „Блик“ проговори за оваа врска, посочувајќи дека немаат многу време еден за друг.
Не е лесно, но јас имам своја работа, тој има своја. Нашиот живот едноставно е таков. И двајцата ги сакаме нашите кариери и се поддржуваме еден со друг дури и кога не сме заедно. Мислам дека сме доста добри во тоа – заклучи тогаш таа.
Како многу млада девојка, Дона отиде во Лондон каде што тренираше за сите важни турнири. Денес, нејзината база е Монако, што многу повеќе и одговара поради временските услови. Таа е многу активна и на социјалните мрежи каде редовно прикачува фотографии од различни патувања, но и гламурозни изданија на кои изгледа како филмска дива, пренесува порталот „Задоволна“.