Фудбалот често знае да ги режира најубавите приказни, а една бајка е особено актуелна по финалето на Африканскиот куп на нации. Со голот на Себастиен Але, Брегот на Слоновата Коска ја освои титулата африкански шампион, а пред неполни две години беше големо прашање дали ќе преживее.
Потоа Але се пресели од Ајакс во Борусија Дортмунд, а набргу по трансферот му беше дијагностициран рак на тестисите. Але мораше да ја заврши кариерата во јули 2022 година и цела планета се молеше за неговото здравје!
Само четири дена откако лекарите го открија туморот на Але, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска беше опериран, а за среќа на играчот сè помина во најдобар ред, па тој побрзо од очекуваното се врати на тренинзите.
– Здраво момци, конечно се вратив. Не беше лесно, но со вашата поддршка беше подобро и полесно да се направи тоа. Затоа со нетрпение чекам да ве видам на стадион за некои победи – напиша Але кога се врати на теренот.
Набрзо, Себастијан Але продолжи да ги тероризира противничките голмани, а фудбалската бајка може го има најдоброто продолжение на Африканскиот куп на нации. Брегот на Слоновата Коска со многу среќа ја мина групната фаза од натпреварувањето како најдобро третопласирана екипа и во осминафиналето игрсше против моќниот Сенегал кој го елиминираше на пенали.
Потоа падна и Мали, а во полуфиналниот натпревар против Демократска Република Конго, Себастијан Але постигна гол во 65. минута и ја одведе својата репрезентација во финалето
Ова не беше крајот на оваа прекрасна фудбалска бајка. Брегот на Слоновата Коска во финалето ја совлада Нигерија по пресврт од 2:1, а херој на триумфот беше Але. Одличниот напаѓач на спектакуларен начин ја затресе мрежата во 81. минута и на својата репрезентација и’ донесе вреден трофеј.
Себастијан Але покажа дека чудата се можни и неговото време допрва доаѓа!