Актерката Деми Мур беше меѓу многуте познати гости кои присуствуваа на афтер-забавата на Vanity Fair за 96-тото доделување на Оскарите во театарот Долби во Лос Анџелес. Таа беше во одлично друштво со ќерките Румер, Скаут и Талула. Тие го снимија најдобриот заеднички настап, а ова се деталите од нивниот стајлинг.
Деми Мур позираше во елегантен кафеав фустан на афтер забавата на Оскарите во 2024 година. Изборот на бои е навистина интересен. Моделот го красат бројни исечоци, од оние на градите и стомакот до оние на грбот и сè до самиот раб на задникот. Доста предизвикувачки дизајн.
Актерката поддржа еден од многуте трендови што ги донесе Оскарите, трендот на свилени фустани. Навистина изгледа фантастично. Плени со убавина и харизма и неверојатна енергија. Дали се работи за предрасуди или нешто друго, но Деми ги изненадува сите со фактот дека има 61 година.
Нејзините ќерки исто така избраа интересни комбинации, Румер позираше во нежно розов фустан, Талула избра микс од сиви и сини бои, додека Скаут беше во металик аутфит, што исто така е еден од трендовите на Оскарите.
Нивниот моден избор е микс од постари трендови и модни новости и доста шик изданија.
Деми Мур имаше ќерки со нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис, кој боледува од фронтотемпорална деменција, актерот ги има ќерките Мејбел и Евелин со неговата втора сопруга Ема Хеминг Вилис.