Препознавањето на најчестиот ран симптом на мозочен удар може да помогне во понатамошните резултати и лекувања.
Кога некое лице чувствува забрзано чукање на срцето, гушење, болка во градите, секогаш треба да се јави кај доктор или кардиолог. Тоа не мора да биде само срцева болест. Може да има и други болести кои се одразуваат на самиот срцев систем. На срцев удар се гледа како на ненадеен настан кој може да доведе до смрт.
Сепак, едно неодамнешно истражување покажа дека во повеќе од 50 проценти од случаите, луѓето можат да ги почувствуваат предупредувачките знаци, дури и неколку месеци пред да доживеат срцев удар. Како што предупредуваат докторите, познавањето на овие симптоми може да ни помогне навреме да побараме помош.
Еден од најраните симптоми што може да укаже на срцев удар е хроничен замор кој се јавува без очигледна причина. Тоа чувство првенствено вклучува прекумерна исцрпеност и недостаток на физичка или психолошка мотивација. Според резултатите од истражувањето, заморот е најчестиот ран предупредувачки знак за срцев удар, а дури 71 отсто од пациентите кои преживеале срцев удар го почувствувале овој симптом неколку месеци порано.
Покрај замор, пациентите доживеале стегање во градите и отежнато дишење при малку поголем напор пред срцевиот удар.