Најшокантното издание на Бјанка! Навикнати сме да излегува гола, но сега се надмина себеси

Американскиот рапер Канје Вест (47) и неговата сопруга Бјанка Ценсори (29) се видени заедно како излегуваат од клуб во токискиот кварт Харајуку, а необичниот стајлинг на Бјанка ги привлече сите погледи.

Имено, Бјанка се појави облечена, што не е карактеристично за нејзината личност и за тоа како се претставува во јавноста.  

За разлика од екстремните разголени изданија кои имавме прилика да ги видиме , сега таа облече облечена туника прицврстена на телото во пастелно сина боја со беж панталони одоздола. 

Целиот стајлинг го заокружи со елегантни салони во пудра розова нијанса. Многумина беа воодушевени од нејзиниот моден избор за ноќниот клуб. 

Ова јавно излегување во јапонската метропола доаѓа откако парот решил да побегне од Лос Анџелес, а се чини дека „бегството“ од САД позитивно се одразило на нивната врска.

Иако последните месеци се шпекулира за проблеми во нивната врска , заедничкото појавување во Токио се чини дека е доказ дека тие се во добри односи и дека нема знаци за развод.

Бјанка и Канје уживаа во состанокот

И двајцата делуваа опуштено и поврзано, уживајќи во вечерта која, очигледно, беше уште еден доказ дека се вљубени и во хармонија.