Најштедливиот милионер на светот! Изгледа како бездомник, копа по контејнери, а на сметката има планина пари

Германецот Хајнц Б. (80), кој живее во Дармштад, изгледа како бездомник, а поседува неколку имоти вредни неколку милиони евра.

Хајнц често може да се види облечен во стара облека како копа по контејнерите. Јаде што ќе најде во контејнерот, а за храна троши само 5 евра месечно.

Она што ги изненадува луѓето е тоа што овој бездомник е всушност милионер . Има повеќе од еден милион евра имот, а знае како да го зголеми.

Хајнц вели дека цел живот бил штедлив, па не му требаат пари за да преживее. Тој е среќен што живее од храната што ја наоѓа во ѓубрето и собира секакви работи што другите луѓе ги фрлаат.

 Можеби навистина има само 15 евра на сметката, но само затоа што подигнал 700.000 евра за да купи нова куќа, десетта по ред. Останатите 100.000 евра ги префрлил на орочени заштеди за да заработи камата – пишува  Билд.

 

„ Можеби ќе купам масло за јадење или нешто слично ако снемам, но поголемиот дел од храната што ќе ја најдам е во ѓубрето “, рече Хајнц.

– Луѓето се расипнички и фрлаат доволно работи за да го нахранат целото семејство. На пример, луѓето купуваат пакет колбаси, јадат еден, а остатокот го фрлаат во ѓубре – додаде тој.

Пензионираниот електроинженер има месечна пензија од 3.600 евра и уште една пензија од 156 евра, која најмногу оди на неговата жиро сметка, бидејќи навистина нема за што да троши.

Освен петте евра што месечно ги троши за храна, во неговите трошоци е вклучена само интернет конекција за лаптопот. Воопшто не го користи мобилниот телефон.

Хајнц го поминува поголемиот дел од своето време собирајќи работи што другите ги фрлаат и возење велосипед низ Дармштат во потрага по нови предмети. Тој едвај ги користи повеќето од овие работи, но ги заменува за храна.